Емотивно видео на Горан Пандев: Гледам наназад и сe уште не ми изгледа реално…

Горан Пандев дефинитивно му кажува збогум на активното играње на фудбал. Македонскиот голгетер кој во минатото ги „кинеше мрежите“ за Беласица, Специја, Анкона, Лацио, Интер, Наполи, Галатасарај, Џенова и Парма заминува во заслужена пензија со голем број достигнувања, меѓу кои и трофејот во Лигата на Шампионите.

Сега 39-годишникот на социјаните медиуми објави емотивно видео и порака во која ја искажа благодарноста до семејството, тренерите, директорите и фановите.

„Гледам наназад и сe уште не ми изгледа реално. Беше неверојатно патување. Носам толку многу емоции во себе и сакам да ги споделам со сите кои ме поддржаа на ова патување… Му благодарам на моето семејство, на моето сопругата Надица, децата Филипо Ана и Софија кои ми беа најголемата поддршка… Им благодарам на моите родители и мојот брат што ми овозможија да го остварам мојот сон… Им благодарам на менаџерската агенција Бранкини, без вас не ќе можев да го направам сето ова… Им благодарам на сите тренери, претседатели, директори за довербата и за се што научив од нив… Им благодарам на сите мои фанови од прв до последен, сакам сите да ве гушнам. .. Завршува едно прекрасно поглавје…. Во мене носам огромно богатство на емоции и среќен сум што го споделив со вас… Со цело мое срце…. Горан“, стои во објавата на македонскиот голгетер.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goran Pandev (@goranpandev19)

Се вчитува...