Емотивно: Вулверхемптон со специјална кореографија за Диого Жота

Вулверхемптон во првиот меч од новата сезона го пречекува Манчестер Сити, а „волците“ стартот на овој меч го посветија на својот поранешен голгетер, Диого Жота, кој летово трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа.

Во чест на Португалецот, на трибината зад еден од головите на „Молинју“ беше истакната специјална кореографија со Жота како прославува гол во дресот на Вулверхемптон, и порака… Ќе те паметиме како чекориш по терените од злато.

Диого Жота настапуваше за Вулверхемптон од 2018 до 2020 година, период во кој постигна 16 погодоци во дресот на „волците“.

Се вчитува...