Емотивно збогум за Новицки и Вејд: Солзи и гордост на лицата на легендите (ВИДЕО)

Последните натпревари од регуларниот дел во НБА сезоната донесоа и збогум од активното играње за две кошаркарски легенди, Двејн Вејд од Мајами и Дирк Новицки од Далас.

Својата кариера Вејд ја заврши со „трипл-дабл“ ефект од 25 поени, 11 скока и 10 асистенции против Бруклин, во поразот од 114-94. Но, дефинитивно моментите за збогум со солзи и очигледно гордост за кариерата назад се тоа што остануваат во сеќавање за Вејд…

 

Дикр Новицки, пак, во последниот натпревар во кариерата постигна 20 поени, дополнети и со 10 скока, во поразот на Далас од Сан Антонио од 94-105. Германецот не можеше да ги сокрие солзите за време на своето последно претставување пред натпревар во кариерата…

 

Се вчитува...