Емотивно збогум за Новицки, легендата заминува во пензија (ВИДЕО)

Дирк Новици по 21 година во Далас се збогува со НБА кариерата. Пред натпреварот со Феникс, Германецот им се обрати на навивачите, во солзи објавувајќи дека го игра последниот натпревар на домашен терен. Со овации и извици „МВП“, навивачите и соиграчите, актуелни и поранешни му се заблагодарија на Новицки за се што направи за Далас и за НБА кошарката.

Лери Бирд, Чарлс Баркли, Скоти Пипен, Детлеф Шремп и Шон Кемп беа меѓу легендите кои се појавија на испраќањето на Новицки. Тој е во редот на најголемите кошаркари кои ја надминале бројката од 3000 поени во кариерата. Има шампионска титула од 2011 година кога беше и МВП на финалната серија. 14 пати беше на Ол-стар натпреварите. Кариерата во Далас ја почна во 1998 година.

„Ова е мојот дом. Се преселив овде пред 20 години. Јас сум тексашанец“ – речи Новицки на збогувањето.

Новицки во победата постигна 30 поени, а пандан на другата страна му беше две години помладиот Џамал Крафорд кој за Феникс постигна 51 поен и со тоа стана највозрасниот играч со 50 плус поени на еден натпревар надминувајќи го Мајкл Џордан. Честа на новата генерација ја одбрани Лука Дончиќ со осмиот трипл-дабл во кариерата, 21 поен, 16 скока и 11 асистенции.

 

Се вчитува...