Емполи го сопна Наполи

Емполи го совлада Наполи со 2-1 и му го нанесе петтиот пораз во Серија А оваа сезона. Тимот што грчевито се бори за опстанок покажа поголема желба од второпласираните „наполитанци“ и заслужено стигна до трите бода.

Фаријаш во 26.минута донесе водство за Емполи, а Зиелински израмни пред самиот крај на првото полувреме. Победничкиот гол за домаќинот го постигна Џовани ди Лоренцо во 53.минута од натпреварот.

Се вчитува...