Енди Мареј бара жестоки казни за „корона престапниците“

Британскиот тенисер Енди Мареј говореше за организацијата на УС опен во време на пандемијата од коронавирусот. Мареј истакнува дека сите тенисери кои нема да ги почитуваат протоколите, мора жестоко да бидат казнети.

„Мислам дека поголемиот дел од тенисерите ќе се придржуваат до правилата, но би било глупо да се очекува дека никој нема да ги прекрши правилата и протоколите. Видовте во НБА и мислам дека истото се случи и во голф, не сум 100 отсто сигурен, можеби грешам. На пример, во НБА, кошаркарите кршеа правила, така да нешто слично може да се случи и кај нас. Мислам дека казните треба да бидат озбилни, бидејќи на крај ги изложувате сите на ризик“, изјави Мареј. 

Британецот кој е трикратен грен-слем шампион во моментов се наоѓа на 129 позиција на АТП листата. Годинашното издание на УС опен треба да почне на 31. август.

Се вчитува...