Енди Мареј доби специјална покана за Ролан Гарос

Организаторите на Ролан Гарос објавија дека „вајлд-кард“ добил поранешниот прв тенисер во светот Енди Мареј. Како што е правилото организаторот има право да додели по осум специјални покани во машка и женска конкуренција.

Кај мажите покрај Мареј, останатите седум вајлд-карти ќе ги добијат домашните тенисери. Кај дамите Еужени Бушар која играше финале во Истанбул и Цветана Пиронкова која по три годишна пауза се врати со одличен резултат на УС опен, добија специјална покана од организаторот, додека останатите шест места ќе ги пополнат талентирани француски тенисерки.

Ролан Гарос поради ситуацијата со пандемијата од коронавирусот годинава ќе се одржи во периодот од 27. септември до 11. октомври.

Се вчитува...