Енди Руиз доби нов предизвик за враќање во рингот

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Енди Руиз доби нов предизвик за меч од првиот предизвикувач во ВБЦ верзијата, Дилијан Вајт. Британецот, покрај Руиз, ги предизвика уште и Александар Поветкин и Ото Волин.

„Било кој од овие боксери да добијам. Време е за враќање на врвот и затоа сакам на меч со најдобрите“ – напиша Вајт.

 

31-годишниот британски боксер, иако не брилјираше, неодамна во Саудиска Арабија го победи Полјакот Мариуш Вах.

Во својата кариера Дилијан Вајт има 27 победи и само еден пораз од Ентони Џошуа во 2015 година.

Се вчитува...