Поранешниот прв пик на НБА драфтот, Ендрју Богут размислува на нов ангажман во најсилното кошаркарско првенство во светот. Шампионот со Голден Стејт Вориорс од 2015 година, моментално е член на Сиднеј Кингс, а како претходната сезона во плеј-офот им се приклучи на Вориорс, истакнува дека повторно би прифатил таков повик од некој од клубовите.
„НБА лига? Да, можно е. Се сомневам дека Вориорс би ме повикале, бидејќи се движат во целосна реконструкција на тимот. Не сакам да одам туку-така, сакам да бидам во клуб кој може да освои прстен. Не би отишол само да играм, туку и да се борам за трофејот“, изјави Богут.
Богут во НБА лигата стигна како прв пик во 2005 година кога беше избран од Милвоки Бакс. Покрај Милвоки и Голден Стејт, во НБА тој настапуваше и за екипите на Далас, Кливленд и ЛА Лејкерс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА