„Ендуро тим Водно“ најуспешен на првата трка од Мотокрос шампионатот (ФОТО)

Мотокросистите на „Ендуро тим Водно“ се најуспешните натпреварувачи на првата трка која се одржа на патеката “Лагово“ кај Прилеп во организација на мото клубот „Ноќни волци“ а во соработка со екстрим клубот „Сторм Рајдерс“.

Во класата MX2, Христиан Станковиќ убедливо и речиси без конкуренција победи во двете трки, а Виктор Караколев заврши на 4. место. Во класата MX3, Диме Цветков ја освои третата позиција.

Најголемото изненадување го приреди дебитантот Христијан Бузалковски во класата MX Open каде во двете трки го освои првото место.

Оваа трка е првапосле неколку години која се бодува за Мотокрос шампионатот на Македонија.

Се вчитува...