Енес Кантер се плаши од атентат и не оди во Лондон

Наместо да ужива во омилениот Лондон на натпреварот кој Њујорк Никс ќе го одиграат во британската престолнина, Енес Кантер ќе си остане во САД. Во интервју објасни дека се плаши од атентат и затоа нема да патува за дуелот во „О2 Арена“ на 17 јануари.

„ Турската влада е опседната со мене. Зборувам против претседателот Ердоган и затоа не се чувствувам безбедно. Го сакам „Хари Потер“ и сакав да го видам Лондон, но не смеам да ризикувам“ – објасни Кантер.

Кантер е отворен критичар на Реџеп Таип Ердоган за кога вели дека е „Хитлер на нашиот век“. Тој е поддржувач на Фетула Ѓулен кого турските власти го обвинија за воениот удар во 2016 година. Неговиот татко беше уапсен. Турција му го поништи пасошот на Кантер.

Официјалниот став на Њујорк Никс е дека патувањето на Кантер е откажано поради проблеми со пасошот, а не поради безбедносни причини.

 

 

 

Се вчитува...