Енис Барди – еден од Топ 5 најдобри трансфери во Ла Лига за сезоната 2017/2018!

Трансферот на македонскиот репрезентативец Енис Барди е еден од петте најдобри трансфери за сезоната 2017/2018 во шпанската Ла Лига, според изборот на „Ас“. Уште едно признание за одличната сезона на Барди се токму епитетите на Шпанците кои се сервираат за еден од најдобрите македонски фудбалери.

Ангажманот на македонскиот репрезентативец е најдобриот потег на Леванте сезонава, кој за сума од 1,5 милиони евра го купи Барди од унгарски Ујпешт.

Според актуелните проценки на шпанските фудбалски аналитичари моменталната вредност на Енис Барди на фудбалскиот пазар изнесува најмалку 10,5 милиони евра. Токму и тоа е еден показател за повеќе од успешниот потег на Леванте да го ангажиран на почетокот од сезоната.

Барди сезонава во шпанската Примера има 9 погодоци, од кои пет од слободен удар, во 25 одиграни натпревари.

Се вчитува...