Енис Барди и Лео Меси се најдобрите изведувачи на слободни удари во последната деценија!

За пет години колку што настапуваше во Леванте во шпанската Ла Лига, Енис Барди остави неизбришлива трага. Македонскиот интернационалец постигна многу убави голови, бележеше одлични настапи во Шпанија.

Енис Барди се најде во осамено друштво со легендарниот Лионел Меси. Двајцата се единствени кои од 2015 година па наваму постигнале најмалку пет голови од слободни удари во најдобрите пет првенства во Европа.

На Енис Барди тоа му успеа во сезоната 2017/18 кога со неговиот Леванте успеа да даде пет гола од слободен удар во Ла Лига. Во истата сезона Меси даде најмалку пет, а потоа Аргентинецот стрелаше од слободен удар најмалку пет пат и во следните две сезони, и тоа во 2018/19 и 2019/20.

Се вчитува...