Единствениот македонски репрезентативец кој игра во Ла Лига, Енис Барди, денеска беше на прием во Општина Чаир. Тој беше примен од градоначалникот Висар Ганиу, кој во минатото беше асистент во стручниот штаб на А-репрезентацијата на Македонија, како и тренер на Шкупи.
„Со огромно задоволство го пречекав денес во Општина Чаир скопјанецот Енис Барди со кого сега се гордее Скопје и сите негови сонародници. Неговите фантастични настапи во елитата на шпанскиот фудбал ги имаме следено со голема еуфорија радувајќи се на секој негов постигнат гол.
Патот кон успехот на ова момче е најдобриот пример и мотив за тоа што еден млад човек треба да направи за да стигне до врвот на успехот. Интензивната и дисциплинирана работа, како и страста кон фудбалот ја отворија перспективата на Енис Барди. Му честитав на Енис за покажаниот професионализам и фантастичната форма на фудбалските терени посакувајќи му многу успеси и новата сезона“, истакна Висар Ганиу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА