Енис Барди се врати на тренинзите на Леванте (ВИДЕО)

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Енис Барди се врати на тренинзите на неговиот Леванте. Барди заработи повреда на тетивата во пределот на десната бутинана квалификацискиот меч против Романија кој се играше во септември и оттогаш е надвор од терените.

Ги пропушти натпреварите на неговиот Леванте, а не можеше ниту да и помогне на Македонија во октомвриските квалификациски мечеви против Лихтенштајн и Германија.

 

 

Се вчитува...