Енис Барди стартуваше со подготовки со Леванте (ВИДЕО)

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Енис Барди ги почна подготовките за новата сезона со својот Леванте. По заслужениот одмор кој го доби поради настапот на Европското првенство, Барди утрово се приклучи на тренинзите на клубот од Валенсија.

И покрај тоа што се врати на обврските во Леванте, иднината на македонскиот репрезентативец е се уште неизвесна по добрите партии на Европското првенство. Мајсторот за слободни удари и минатото лето беше поврзуван со заминување од клубот, кога интерес за неговите услуги покажаа Арсенал, Борусија Дортмунд и Фиорентина. Леванте тогаш не сакаше ни да чуе за продажба, инсистираше на клаузулата од 50 милиони евра, но сега ситуацијата е сосема поинаква. Според шпанските медиуми, раководството на Леванте сега е подготвено да го продаде Барди и за сума од 16,5 милиони евра, само за да ја реши финансиската криза со продажба на само еден фудбалер и да го задржи остатокот од играчкиот кадар.

 

Се вчитува...