Енис Барди – желба на Милан

Енис Барди би можел да стане првиот македонски репрезентативец што го облекол дресот на Милан откако италијанскиот гигант покажа интерес за да го доведе асот на Леванте во своите редови.

„Росонерите“ се во потрага по нов плејмејкер во тимот, играч што би го зазел местото на Хакан Чалханоглу, а досегашните опции Кутињо и Влашиќ се покажаа недостижни бидејќи Милан не е доволно финансиски моќен за мегатрансфери. Токму тоа е причината поради која италијанските медиуми тврдат дека вниманието на тренерот Пиоли во последните денови е насочено кон Барди.

Македонскиот играч за врска и минатата сезона беше меѓу најдобрите фудбалери на Леванте, но клубот од Валенсија се наоѓа во финансиска криза и ќе мора да продаде еден од клучните играчи. „Росонерите“ сакаат да го искористат тоа за да го доведат Барди во своите редови, подготвувајќи почетна понуда од 10 милиони евра. Леванте бара 15 милиони, но се очекува преговорите да се интензивираат во наредните денови, се со цел „росонерите“ што поскоро да го доведат Барди на „Сан Сиро“.

Се вчитува...