ПСЖ е на чекор до одбрана на титулата во Лигата на Шампионите, избраниците на Луис Енрике утре во Истанбул ќе ја водат клучната битка со Арсенал, а трофејниот стратег е свесен каква битка го очекува неговиот тим.
Енрике беше полн со комплименти кон Арсенал на денешната прес-конференција, но истовремено и потсети дека ПСЖ е тимот што е актуелен европски првак.
„Не сум изненаден што Арсенал стана првак во премиер-лигата, играат одличен фудбал и го заслужија тој трофеј. Тоа што се прваци во својата лига не значи ништо, ние сме актуелни шампиони на Европа и заслужуваме да бидеме респектирани поради тоа. Знаеме со каков тим играме, лани се сретнавме три пати со нив, им ги знаеме силните страни и слабостите. Можам да кажам дека сме подготвени. Мотивација? Немам зошто да ги мотивирам моите играчи, да се биде дел од финалето на ЛШ е најголемата мотивација што постои“, истакна тренерот на ПСЖ.
Како што додаде Енрике, ПСЖ ќе биде комплетен во ова финале откако Дембеле, Хакими и Мендеш ги минале сите тестови и ќе бидат дел од стартниот тим на утрешниот меч за трофејот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
