Енрике: Дембеле ќе го игра финалето, макар и со една нога

ПСЖ ќе биде комплетен во големото финале од Лигата на Шампионите закажано за сабота против Арсенал откако двајца клучни фудбалери на „светците“ се вратија на тимските тренинзи.

Усман Дембеле и Ашраф Хакими ги надминаа проблемите со повредите и од денеска се во целосен тренажен процес, по што е извесно дека тие ќе бидат дел од стартниот тим на ПСЖ на саботното финале во Будимпешта.

„Нашиот медицински тим работи одлично, а фудбалерите одговорија на третманите. Дембеле ќе се врати, и тоа ќе биде уште посилен. Тој ќе го игра финалето, макар и со една нога. Знаете колку ни е важен во тимот, исто како и Хакими, двајцата почнаа со тренинзи и ќе играат викендов“, истакна Луис Енрике.

Се вчитува...