Енрике: Нема поголема мотивација од тоа да го одбраниш трофејот во ЛШ!

Тренерот на актуелниот шампион на Европа,  Пари Сен Жермен, Луис Енрике, изјави дека неговиот тим има голема мотивација да го освои трофејот во Лигата на шампионите втора година по ред.

Оваа сезона, експедицијата на Луис Енрике беше сензационална и стигна до финалето со стил.

„Нема подобра мотивација од играње во финалето на Лигата на шампионите. Имаме уште поголема мотивација да го освоиме втора година по ред. Ќе видиме кој е најдобар и кој ќе биде шампион. Мислам дека во текот на осумте натпревари во нокаут фазата покажавме каков тим сме“, рече Енрике.

Се вчитува...