Енрике ‘полуде’ на новинарско прашање: Ништо не ме интересира од тоа што вие зборувате!

Шпанците предводени од Луси Енрике синоќа ја декласираа Хрватска победувајќи со 6-0 во Лигата на нации.

Поранешниот тренер на Барселона по средбата беше горд на успехот на својот тим против светските вицешампиони, но успеа и тоа како да се нанервира на едно новинарско прашање. А тоа беше дали знаел дека дури шест фудбалери на Реал Мадрид биле во стартниот тим на Шпанија…

„Не знаев за тоа, ниту ме интересира. Воопшто не ме интересира и причината поради која го поставувате ова прашање. Ова е репрезентација на Шпанија и не гледам воопшто кој во кој клуб игра туку најважно ми е да играат оние за кои мислам дека се најдобри на соодветната позиција и во моментот“ – истакна Енрике.

Клупата на Шпанија, Луис Енрике ја презеде во јули откако претходно успешно го водеше и каталонскиот гигант Барселона.

Се вчитува...