Енрике: ПСЖ ни даде четири гола, ние на нив можеме шест…

Барселона се наоѓа во невозможна мисија, да брка негатива од четири гола на утрешниот реванш против ПСЖ, но Луис Енрике верува дека неговите избраници можат да приредат сензација и да ја надополнат огромната негатива од првиот меч во Париз. Порачувајќи дека мора пред се да се има верба во себе, тренерот на каталонскиот гигант е убеден во одлично издание на својот тим.

Резултатот не ни е во прилог, но да не заборавиме дека сме на половина пат, има да се играат уште 95 минути, а во нив можат да се случат најразлични работи. ПСЖ на нас ни даде четири гола во Париз, не гледам зошто ние не би им дале шест погодоци на реваншот во Барселона. Секако дека ќе биде тешко, но многу работи се променија оттогаш, сега се наоѓаме во далеку подобра форма. Погрешно ќе биде од првата минута да тргнеме во тотална офанзива, наше е да играме како што знаеме и да создаваме шанси, а имаме играчи способни тие шанси да ги претворат во голови“ – изјави Енрике.

Шпанските медиуми најавуваат тотална офанзива на Барса со формација 3-4-3 во која во средниот ред заедно би се нашле Бускетс, Ракитиќ, Иниеста и Рафиња, како помош за Суарез, Меси и Нејмар.

Се вчитува...