Луис Енрике лани испиша историја освојувајќи ја титулата во ЛШ со тимот на ПСЖ, а шпанскиот стратег бележи одлични резултати и сезонава, „светците“ се блиску до титулата во домашното првенство, додека со вчерашната елиминација на Ливерпул се најде и во полуфиналето од Лигата на Шампионите.
Таму избраниците на Енрике ќе ги очекува пресметка со Баерн Минхен или Реал Мадрид, во зависност од исходот на вечерашниот реванш на „Алијанц Арена“.
Стратегот на ПСЖ доби прашање кој ривал повеќе би сакал да го добие во полуфиналето, на што Шпанецот даде интересен одговор.
„Реал или Баерн? Искрено, секогаш кога имам ваква желба, се случува да не ми се исполни, другиот тим да победи и да играм против него. Затоа оваа година воопшто не размислувам во тој правец. Ќе земам пиво и ќе го гледам реваншот, нека победи кој сака… Ние ќе бидеме подготвени за полуфиналето“, порача Енрике.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
