Енрике: Златната топка мора да ја освои играч на ПСЖ

Како што се наближува свечената церемонија на доделување на Златната топка за сезоната 2025/26, неизвесноста околу добитникот на најпрестижното индивидуално признание во фудбалот се зголемува.

Дополнителен притисок даде и тренерот на актуелниот европски клупски шампион ПСЖ, Луис Енрике, кој нема дилеми во чии раце треба да заврши престижното признание.

„Златната топка треба да ја освои играч на ПСЖ. Ги освоивме сите трофеи, а нашите фудбалери одиграа одлично и на Светското првенство“, изјави Енрике.

Иако ПСЖ две години по ред триумфира во Лигата на шампионите, фудбалерите на францускиот тим во очите на обложувалниците не се во преден план.

Главни фаворити за ЗЛатната топка се шпанските репрезентативци Родри и Ламин Јамал кои триумфираа на Мундијалот кој се одржа во САД, Канада и Мексико, а добро котираат и Килијан Мбапе и Хари Кејн. Најдобриот играч на ПСЖ минатата сезона, Хвича Кварацхелија, во очите на обложувалните е петти фаворит за трофејот.

Свечената церемонија на која ќе се прогласат најдобрите во светот на фудбалот ќе се одржи во Монте Карло, во втората половина од октомври или на почетокот од ноември.

Се вчитува...