Ентони Дејвис има само уште три дена да избере клуб

Само 72 часа му преостануваат на Ентони Дејвис во изборот на нов клуб. Според американските медиуми тој е блиску до одлука. Центарот и натаму инсистира на размена, а најупорен во идејата да го доведе во своите редови останува Лос Анџелес Лејкерс.

Претседателот на Лејкерс, Меџик Џонсон веќе преговарал со Њу Ореланс. Наводно „езерџиите“ ги понудиле Рондо и Колдвел-Поуп како и пик во првата рунда на драфтот, но „пеликанс“ одбиле.

Покрај Лејкерс во редот потенцијални клубови влегува и Њујорк, а Дејвис би одел и во Милвоки или во Лос Анџелес Клиперс. Иако долго се споменуваше и Бостон, а „селтикс“ испратија и официјална понуда, оваа опција повеќе не е актуелна поради јасниот став на Дејвис дека нема намера да потпише долгогодишен договор со овој клуб.

Дејвис минатата недела побара да биде продаде за да може да стане слободен агент пред јули 2020 година. Го информираше Њу Орлеанс дека не планира да потпише максимален петгодишен договор вреден 239 милиони долари.

 

 

Се вчитува...