Ентони Дејвис одбил максимален договор со Лос Анџелес Лејкерс

Ентони Дејвис ја одбил првата понуда од Лос Анџелес Лејкерс за максимален договор вредна 146 милиони долари. Тој од пред два дена може да потпишува вакви договори, но американските медиуми јавуваат дека не се согласил на понудата од езерџиите.

Ако не потпише договор со Лејкерс, Дејвис на лето ќе стане неограничен слободен агент. Тактиката на лидерот по поени во Лејкерс е да ја одмина понудата во текот на сеозната која е на четири години и на 146 милиони затоа што во лето ќе може да потпише петгодишен договор вреден 202 милиони долари.

Ваквата одлука воопшто не е изненадување за познавачите на приликите ов НБА со оглед дека агентот на Дејвис одамна потенцираше дека неговиот клиент во летото 2020 планира да биде слободен агент без разлика каде ќе ја игра актуелнава сеозна. Сепак, никој всушност и не очекува Дејвис да не го продолжи договорот со Лејкерс.

 

Се вчитува...