Ентони Дејвис оди кај Леброн во ЛА Лејкерс!

Њу Орлеанс договори размена на својата најголема ѕвезда, Ентони Дејвис во ЛА Лејкерс, а во замена да добие тројца кошаркари и три пика од првата рунда на драфтот.

Дејвис оди кај Леброн Џејмс во Лејкерси, а пат кон Њу Орлеанс ќе има за Лонзо Бол, Брендон Инграм. Џош Харт и три пика од првата рунда во следните драфтови, вклучувајќи го и бројот четири на годинашниот драфт.

Договорениот трејд меѓу двата тима наскоро се очекува да биде официјализиран. Ентони Дејвис беше избран како прв пик на драфтот во 2012 година од страна на Пеликанс. Минатава сезона во 56 натпревари имаше просек од 26 поени и 12 скока по меч, а во НБА кариерата има просек од 20,6 поени и 10,5 скока по натпревар.

Се вчитува...