Ентони Дејвис сака да си оди од Њу Орлеанс

Еден од најдобрите играчи во НБА лигата, Ентони Дејвис, одбива да потпише нов договор со Њу Орлеанс и бара да биде разменет. Тој сака да оди во тим во кој ќе му биде овозможено да победува и да биде во шампионската трка, вели неговиот агент.

Њу Орлеанс му понудил на Дејвис продолжување на актуелниот договор чија вкупна вредност би пораснала до 240 милиони долари, со можност да стане слободен агент во 2020 година.

Во изминатиот период, Дејвис често беше поврзуван со Лос Анџелес Лејкерс, медиумите шпекулираа дека дел од евентуалната размена би можеле да бидат Лонзо Бол, Брендон Инграм или Кајл Кузма, но оваа опција беше отфрлена поради финансискиот аспект.

Ентони Дејвис во НБА лигата е од 2012 година кога тогашните „Хорнетс“ го избраа како прв пик на драфтот.

 

Се вчитува...