Ентони Џошуа во самоизолација по блиската средба со принцот Чарлс

Светскиот боксерски првак во тешка категорија Ентони Џошуа е во домашна самоизолација по информацијата дека принцот Чарлс заболел од коронавирус. Тој имаше блиска средба со него пред 16 дена. Џошуа беше меѓу поканетите на прославата на  Commonwealth Day на 9 март и се поздрави со кралицата Елизабета и со принцот Чарлс.

30-годишниот Џошуа се чувствува одлично, но ќе мора да ги почитува одлуките за изолација и во наредните 14 дена ќе тренира во домашни услови. Тој на 20. јуни треба да боксува со бугарскиот боксер Кубрат Пулев, иако со оглед на ситуацијата со коронавирусот закажан е и алтернативен термин, на 25.јули.

Се вчитува...