Бразилскиот фудбалер кој сега игра за Бетис, Ентони, конечно се пронајде себеси. Сега може отворено да зборува за моментите во Манчестер каде што не поминал добро. Тој го призна тоа.
„Само моето семејство знае колку беше тешко да се биде таму. Да тренирам одделно. Но, знаев дека овој неверојатен момент доаѓа. Секако, се плашев дека на крајот можеби нема да се случи, но чекав бидејќи имав толку многу вера. Сега кога имам повеќе време, има многу работи што треба да се направат и постигнат. Имав проблеми со спиењето откако видов толку многу љубов од навивачите на Бетис; луѓето ме чекаа пред куќата во два часот наутро.“
Тој потоа зборуваше за Манчестер Јунајтед, и за неговите денови минати таму.
„Тоа беа многу тешки месеци во Англија, повеќе од 40 дена во хотел, тренирајќи одвоено… Чувствував дека не ме почитуваат, но тоа не е поентата. Не сакам да создавам контроверзии; таков е животот. Многу сум благодарен на клубот, имаше тешки моменти, но и добри, со два трофеи. “, рече тој.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

