Енур Тотре потпишува за Тирана

Македонскиот репрезентативец Енур Тотре својата кариера ја продолжува во еден од најдобрите албански клубови, Тирана.

25-годишниот Тотре, кој изминативе седум години беше дел од Шкендија, ова лето се одлучи да не ја продолжи соработката со тетовци. Имаше понуди за продолжување на кариерата во Полска, но на крај се чини дефинитивната одлука е да стави потпис на двегодишен договор со Тирана.

Тотре во Тирана треба да биде замена за Идрис Бата кој кариерата ја продолжи во Романија. Од 2014 година во дресот на Шкендија запиша 152 настапи притоа постигнувајќи и девет погодоци. Во репрезентативниот дрес на Македонија има три официјални настапи.

Се вчитува...