ЕП останува во 12 града: Македонија во Букурешт ќе игра пред 12.000 навивачи

На помалку од сто дена до почетокот на Европското првенство, се уште не се знае точно кои градови ќе бидат домаќини на ЕВРО 2020, но според последните информации, историскиот настап на македонската репрезентација ќе се одигра пред 12 илјади гледачи во главниот град на Романија, Букурешт.

За разлика од Билбао, Глазгов и Даблин за кои дополнително ќе биде донесена одлука дали ќе бидат променети, Букурешт е сигурен бидејќи Фудбалската репрезентација на Романија соопшти дека на трите натпревари во групната фаза и дуелот од осминафиналето ќе биде дозволено присуство на публика.

„Властите го прифатија предлогот на локалниот организациски одбор да дозволи пристап на гледачи на трибините за натпреварите од ЕВРО 2020 во висина од 25% од вкупниот капацитет на националниот стадион“ – се вели во соопштението на ФФР.

Се вчитува...