ЕП ракомет жени: Данска убедлива против Романките, Србија обезбеди место во главната рунда

Дуелот меѓу Данска и Романија требаше да биде дерби, и дуел за првото место во групата, но заврши со убедлива победа на данските ракометарки со 39-23. Романките држеа темпо до првите 10 минути, а потоа се беше во знакот на Данска, која до крајот на полувремето се стекн со предност од 21-10, па го решија прашањето околу победникот.

Во составот на Данска се истакна Јоргенсен со десет гола.

Шведска не дозволи изненадување и ја совлада Хрватска со 22-17, и покрај тоа што хрватските ракометарки беа добри во првиот дел. Меѓутоа во вториот Швеѓанките успеаја да направат недостижна предност за победа.

Конечно, малку радост и за српските ракометарки. Тие дојдоа до првата победа во групата над Чиле, и така обезбедија пласман во главната фаза на Мундијалот.

Сенегал ја победи Кина со 22-15 и покрај Шведска и Хрватска е третата селекција од оваа група што ќе игра во главната рунда на СП.

Се вчитува...