Епска трка во Арагон – Бањаја успеа да се одбрани против Маркез (ВИДЕО)

Франческо Бањаја на Дукати стигна до победа на трката за Големата награда на Арагон. Италијанецот до својата прва победа во „кралската“ класа успеа да стигне по епска борба која ја имаше со еден од најдобрите во историјата, Марк Маркез.

Маркез во последните четири круга напаѓаше, но младиот Италијанец на неверојатен начин секој пат успеваше да се одбрани. Подиумот го надополни Жоан Мир на Сузуки.

Лидерот во генералниот пласман, Фабио Квартараро на Јамаха заврши на осмата позиција.

 

 

Се вчитува...