„Ерата на Спалети“ почна со гол на Елмас – Наполи му се истури на нисколигашот Аунија

Ерата на Лучијано Спалети на клупата на Наполи почна со гол на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во победата над Аунија со 12-0. На „дијамантот“ му беа потребни само четири минути да стрела во пријателскиот меч против нисколигашот Аунија и да донесе водство од 1-0 за „наполитанците“.

До крајот на првиот дел резултатот беше 7-0, а највеќе се истакна Виктор Осимен кој постигна четири гола. По еднаш освен Елмас погодија и Лоботка и Манолас.

Во вториот дел Спалети ги замени првотимците, но и тоа не беше проблем за дополнително да се наполни мрежата на нисколигашот.

Се вчитува...