Ериксен дефинитивно заминува од Интер, веќе на пат кон ПСЖ

Кристијан Ериксен пристигна во Интер на почетокот од годинава како големо засилување од Тотенхем. Но, ниту најмалку не ги исполни очекувањата на клубот па сега дефинитивно е пред заминување од Милано.

Според италијанските медиуми три клуба се заинтересирани за неговите услуги, но веќе е на добар пат кон ПСЖ. Французите како дел од трансферот на Ериксен го нудат Леандро Паредес во спротивен правец, на што Интер веќе се согласил.

Заинтересирани за Ериксен се и Арсенал кој во замена го нуди Гранит Џака, како и Манчестер Јунајтед кој, пак, го нуди Фред. Но, „нераѕурите“ најблиску се до договор со ПСЖ за трансферот на Данецот кој би требало да се случи во јануари.

 

Се вчитува...