Ериксен лут на Конте – Не дојдов во Интер да седам на клупа

Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен годинава како големо засилување премина од Тотенхем во Интер. Тој за 27 милиони евра се пресели на „Џузепе Меаца“ каде се очекуваше дека ќе биде стандарден првотимец. Сепак, Антонио Конте не му даде доволно шанса, поради што Данецот е многу незадоволен.

„Не сакам да седам на клупа цела сезона. Се надевам дека тоа не е намера на тренерот и на клубот. Ќе биде ова долга сезона со многу натпревари затоа сакам да добијам шанса. Никогаш не е убаво да седиш на клупа и нормално е незадоволството да расте“, изјави Ериксен. 

Ериксен досега за Интер забележа 19 настапи, а само еднаш се запиша во листата на стрелците.

Се вчитува...