Ериксен на тренинг на Интер: Прекрасно е што го гледаме Кристијан насмеан меѓу нас

Фудбалерите на Интер денеска беа пријатно изненадени на утринскиот тренинг откако во базата „Апијано Џентиле“ се појави и Кристијан Ериксен.

Данскиот ас се уште се рехабилитира по срцевиот удар што го имаше на мечот со Финска на ЕВРО 2020, неизвесно е дали воопшто ќе може да се врати на терените, па веднаш по пристигнувањето во Милано врз него беа извршени детални прегледи.

„Утрово Кристијан Ериксен дојде да ја посети екипата во „Апијано Џентиле“. Прекрасно е што го гледаме Кристијан насмеан меѓу нас. Може да се каже дека тој напредува, се наоѓа во одлична физичка и ментална форма. Ериксен се сретне со клупските директори, тренерот и соиграчите. Тој ќе ја следи рехабилитациската програма пропишана според данските лекари. Нашиот медицински персонал ќе биде информиран за целокупниот процес“, објави Интер.

Се вчитува...