Ериксен: Навивачите на Интер ме сакаат, но Конте…

По одличната форма во Тотенхем, Кристијан Ериксен премина во Интер како големо засилување за тимот од Милано, но клубот од соништата се претвори во кошмар за Данецот.

„Не, тоа не беше тоа што го сонував. Верувам дека сите играчи сакаат да играат што повеќе, но тренерот е тој кој ја носи конечната одлука кој ќе настапи на терен. Малку е и чудна ситуацијата зошто навивачите сакаат да играм, но тренерот има други идеи, а јас како играч морам да го почитувам тоа. Работите не се најдобри за Интер за сега, но свесен сум дека имаше и доста победи кога јас не настапував претходната сезона“ – изјави Кристијан Ериксен за данските медиуми

Данецот го поврзуваа за замена за Канте во Челси, сега и за трансфер во јануарскиот рок во ПСЖ и можно враќање во Тотенхем, но Интер е оној ќе го има последниот збор.

Се вчитува...