Ериксен повторно игра фудбал: Јас сум среќен човек

Кристијан Ериксен повторно игра фудбал. Данскиот интернационалец го одигра првиот официјален натпревар по колабирањето на Европското првенство.

Ериксен влезе во игра во 52. минута на натпреварот помеѓу Брентфорд и Њукасл, а беше поздравен со стоечки овации од сите навивачи на трибините. Данецот е на теренот по 259 дена откако доживеа срцев удар.

„Ако го исклучиме резултатот, јас сум среќен човек. Со оглед на сето она низ кое поминав, ова е фантастично чувство. Брентфорд добро се грижи за мене. Тука се сите, моето семејство, родителите, децата, но и неколку доктори кои работат со мене. Она што го поминаа е уште потешко од она што јас го доживеав“, изјави Ериксен.

Брентфорд веќе во 11. минута остана со десет играчи на теренот, бидејќи Дасилва доби црвен картон. На крајот загуби со 2-0.

Се вчитува...