Данска е последната европска селекција што обезбеди пласман на СП 2018 откако Кристијан Ериксен ја предводеша оваа репрезентација до убедлива победа од 1-5 на гостувањето во Даблин против Република Ирска.
Откако првиот меч во Копенхаген заврши без головите, Ирците неочекувано го отворија резултатот по само шест минути игра, кога Дафи се најде на вистинското место и го совлада Каспер Шмајхел. Гостите тргнаа во офанзива и успеаја да израмнат во 29. минута преку Кристенсен, но вина за голот има ирскиот дефанзивец Кристи, кој на самата гол-линија не успеа да ја врати топката во поле.
Потоа на сцена стапи Ериксен, фудбалерот на Тотенхем доминираше на теренот и во следните триесетина минути постигна хет-трик, ставајќи руска виза на пасошите на данскиот национален тим. Конечните 1-5 од пенал ги постави Никлас Бентнер во 90. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА