Ерменците на полн стадион ќе го следат мечот против Македонија

Ерменија имаше фантастичен старт на квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар 2022 година, откако славеше на првите три натпревари.

Фудбалската треска ја зафати оваа земја, па утрешниот натпревар против Македонија кој ќе се игра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе се гледа масовно на најголемиот стадион во оваа земја.

Ерменската федерација објави дека на арената „Храздан“ ќе биде поставен видео-бим каде навивачите ќе може да го проследат натпреварот против Македонија.

Се вчитува...