Ернест Ѓока: Ова е Шкендија која ја сакаме

Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ернест Ѓока сосема очекувано презадоволен од убедливата победа од 1-5 на неговиот тим на гостувањето во дерби пресметката против Вардар. Шкендија покажа повеќе тактички квалитет, мудрост и трепени да дојде сосема заслужено до посакуваната победа.

„Не го започнавме натпреварот како што треба, направивме грешка и примивме гол, но брзо реагиравме потоа и се вративме на најдобар можен начин. Среќен сум од одговорот кој го дадовме на терен по примениот погодок. Ова е тоа што ни треба, ова е она што го сакаме, борба, пожртвуваност, желба, и кога имате негатива“ – истакна Ѓока по мечот, притоа дополнувајќи:

„И покрај фактот дека Вардар не е тој што беше порано, сепак има искусни играчи во тимот. Воопшто не се наивна екипа, но овој пат ние бевме многу подобри па успешно ја реализиравме целта и сега продолжуваме понатаму“.

Стратегот на тетовци нагласува дека Шкендија од натпреварот на натпревар постојано расте демонстрирајќи и се поголем квалитет и зрелост.

„Верувам дека тимот го наоѓа вистинскиот ритам од натпревар на натпревар, формата на тимот расте, тимот созрева, се добива таа култура и квалитет да бидете на врвот на табелата, затоа што воопшто не е лесно да се биде на врвот и истиот да се чува. Не само што треба да стигнете до врвот, туку и да се прилагодите за да го задржите психолошки. Задоволен сум што тимот дава се од себе, па токму поради тоа им благодарам на играчите за она што го прават во текот на овие недели“ – вели Ѓока.

Се вчитува...