Ернест Ѓока пред отказ од Шкендија!?

Ернест Ѓока е пред отказ од тренерската функција во Шкендија по срамното европско лето на тимот кое „црвено-црните“ го завршија со четири порази од исто толку натпревари и без постигнат гол.

Раководството на македонскиот шампион подолго време, според нашите информации, е незадоволно од работата на 51-годишниот албански стратег но оставена беше можноста да ги одработи европските натпревар со надеж дека Шкендија ќе има позитивно лето.

Уште и на почетокот од годинава дел од шпекулациите беа дека Шкендија посакува промена на тренерската функција, но Ѓока успеа да дојде до шампионската круна оваа година со што ја зачува тренерската функција. Сепак, по очајните игри ова лето мали се изгледите дека уште еднаш ќе се спаси од отказ на клупата на еден од најтрофејните македонски клубови без разлика на тоа што остануваат само уште десет дена до стартот на новата сезона.

Се вчитува...