Ерупцијата на „Камп Ноу“ по голот на Серхи Роберто предизвикала вистински земјотрес

Серхи Роберто постигна гол за 6-1 и „Камп Ноу“ еруптираше. Со тој погодок Барселона го елиминира Пари Сен Жермен во осминафиналето на Лигата на шампионите, а 96.000 фанови влегоа во навивачка еуфорија. А тоа, верувале или не, довело до вистински земјотрес во радиус од најмалку еден километар од „Камп Ноу“.

Сеизмологот Жорди Дијаз, вели дека е предизвикан ’мал земјотрес’ по голот на Серхи Роберто. Сеизмометарот на Институтот за истражувања на земјата кој се наоѓа на околу 500 метри од стадионот „Камп Ноу“, регистрирал придвижување на земјината површина, најголемо во изминатите пет години, откако мерниот апарат е во функција. Тоа било предизвикано од радоста на трибините.

Се вчитува...