Ешли Барти нема да ја брани титулата на Ролан Гарос

Тенисерката број еден во светот, Ешли Барти реши да не оди на одбрана на титулата на Ролан Гарос поради коронавирусот. 24-годишната Австралијка смета дека здравствените ризици, но и неможноста да тренира доволно добро поради рестрикциите во нејзината држава ќе мора да го прескокне францускиот грен-слем. Барти не учествува ниту на УС Опен. Барти која е од Бризбејн објаснува дека поради рестрикциите кои ги наметна австралиската влада не можела да работи со нејзиниот тренер кој е од Мелбурн.
„Ова е година полна со предизвици за сите нас. Иако сум разочарана поради тениската неактивност, доброто здравје на моето семејство и на мојот тим се секогаш мој приоритет. Ролан Гарос беше посебен за мене минатата година. Многу тешко ја донесеов оваа одлука“ – вели Барти.
Ролан Гарос треба да се одржи во Париз на крајот од овој месец. Ќе биде со органичен број гледачи и под строги здравствени протоколи. Серена Вилијамс се очекува да објави дали ќе биде дел од францускиот грен-слем. Франција како и многу други европски земји периодов се соочува со зголемување на бројот на заразени со коронавирусот.

Се вчитува...