Ешли Барти се откажа од УС Опен поради страв од Covid-19

Најдобрата светска тенисерка Ешли Барти донесе одлука да не учествува на УС Опен, грен-смен турнирот кој треба да се одржи од 31.август до 13.септември, пренесе „Њујорк Тајмс“. Тенисерката стравува дека би можела да се зарази од коронавирус доколку настапи на УС Опен.

„Сакам да играм на УС Опен и ова беше тешка одлука, но ризикот за зараза од вирусот Covid-19 и понатаму е голем. Нема да се чувствувам пријатно ако мојот тим го изложам на таква опасност“, истакна Барти.

Директорката на УС Опен, Стејси Оластер, вели дека ја почитува одлуката на првата тенисерка во светот.

„На Ешли Барти и посакуваме се најдобро и едвај чекаме да се врати на нашиот турнир бидејќи е една од миленичките на публиката“, изјави Оластер.

 

 

Се вчитува...