Еспањол го најде „лекот“ за Атлетико: Запрен победничкиот од на „јорганџиите“… (видео)

По четири едноподруго победи запрен победничкиот од на Атлетико Мадрид во 17. коло од шпанската Примера.

„Јорганџиите“ доживеаја пораз на гостувањето против Еспањол со 1-0, и тоа во самиот финиш од мечот по голот на Гарсија во 88. минута од средбата…

По овој пораз, Атлетико Мадрид остана со 36 бода на втората позиција на табелата, со шест бода заостанување зад водечката Барселона. На третото место е Валенсија со 34 бода и натпревар помалку, а Реал Мадрид е на четвртото место со 31 бода, но и два натпревари помалку од градскиот ривал.

Се вчитува...