ЕСПН ги избра најдобрите 10 во историјата на кошарката: Од Џордан до Данкан…

Светот никогаш нема да полемизира кој е најдобриот во историјата на НБА. Леброн Џејмс или Мајкл Џордан? Меџик Џонсон или Вилт Чембрлен? Стев Кари или Кевин Дурант? Старата школа или новите момци? Светот ќе расправа и понатаму, иако ЕСПН ги избра, според нив, најдобрите 10 во 74-годишната историја на лигата.

ЕСПН одлучи дека Мајкл Џордан е недостижен на врвот, а потоа го следат Леброн Џејмс на втората позиција, Карим Абдул-Џабар, Бил Расел и Меџик Џонсон во Топ 5. Понатаму, од шестото до десеттото место, следат Вилт Чембрлен, Лери Бирд, Шекил О’Нил, Коби Брајант и Тим Данкан како заокружување на Топ 10.

Се вчитува...