Естебан Гутиерез ја замени Формула 1 за Формула Е

Естебан Гутиерез подоцна оваа година повторно ќе им се врати на трките, но не во Формула 1. Мексиканскиот возач минатата сезона настапуваше за Хаас, но не успеа да ги исполни очекувањата на раководството на тимот, па беше заменет со Кевин Магнусен кој го напушти Рено.

Гутиерез не можеше да најде тим со кој би возел претстојната сезона, па место во тим во Формула Е се чини како совршена опција. Мексиканецот најверојатно ќе вози за тимот Фарадеј на местото на Лои Дувал.

Овогодишниот календар на Формула Е вклучува 12 трки, а се очекува Гутиерез да дебитира на домашното ГранПри, во Мексико сити кое ќе се одржи на 1. април.

Се вчитува...